еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Просечната каматна стапка во ноември 4,42%

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во ноември. Се сведе на ниво од 4,42 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,76 проценти, соопшти Народната банка.

Нето-надворешниот долг на крајот на третото тримесечје се намали за 64 милиони евра и изнесува 3,34 милијарди евра или 28,2 отсто од проектираниот бруто-домашен производ (БДП). Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 проценти.

Бруто-надворешниот долг, на крајот на септември од 2021 година изнесува 9,87 милијарди евра или 83,5 отсто од проектираниот БДП и бележи квартално намалување од 300 милиони евра, додека бруто-надворешните побарувања, за истиот период, изнесуваат 6,53 милијарди евра или 55,3 отсто од проектираниот БДП и се намалија за 235 милиони евра.

-Во текот на третото тримесечје од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 19 милиони евра и изнесува 7,1 милијарда евра (60,1 процент од проектираниот БДП за 2021 година).

Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, информира Банката.

Позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција може да се прочитаат на nbrm.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски со сопругата на свечена вечера во Вилнус се дружеше со Зеленски, Макрон, Блинкен…

Редакција

Бензините поевтинуваат за денар и половина и еден денар

Редакција

Кои се симптомите на новиот сој на Ковид-19, “Ерис“

Редакција