еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наследникот на Захариева најави дека Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија

Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

-Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

Според него не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефан Јанев, привремениот премиер на Бугарија

МИА/Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Редакција

Казнети 509 граѓани за неносење заштитна маска

Редакција

Здружение на јавни обвинители повикаа на брза истрага, кој поставил експлозивната направа во куќата на обвинителката во Кичево

Редакција