еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наставниците од септември ќе земаат за 15% поголема плата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата.

Спогодбата на Фејсбук ја објави претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот за образование и наука, Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата.

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК, Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Македонија во тековната година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голем јубилеј на Клиника „Жан Митрев“: „Дваесет години воведуваме повисоки стандарди во македонското здравство“

Редакција

Над два милиона лица заразени со корона вирусот во светот, починати повеќе од 126.000

Редакција

Притвор од 30 дена за Катица Јанева

Редакција