еМагазин
Image default
Македонија

Наставник и ученик со Ковид-19 однесоа во изолација двајца наставници и 25 ученици во Тиквешко, заболени и тројца здравствени работници

Наставник и ученик со коронавирусот однесоа во изолација двајца наставници и 25 ученици во Тиквешко, а заболени се и тројца здравствени работници, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог  во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

– Во Кавадарци во изминатите 24 часа потврдени се 39 нови случаи со Ковид-19, на возраст од 8 до 86 години. Двајца од нив се здравствени работници. Има позитивен второодделенец од основно, како и заболена наставничка од подрачно училиште, појасни Јовановски.

Во Неготино се потврдени 11 случаи, на возраст од 26 до 76 години, еден е здравствен работник.

Еден позитивен случај има во Демир Капија, на возраст од 60 години.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Љубе Бошкоски повторно ќе му се суди за предметот „Кампања“ по негово барање

Редакција

Убава вест: Оздравени 104 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

704 казни за неносење на маска

Редакција