еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска наутро студено, во текот на денот умерено облачно со температура до 23 степени

Времето утрово ќе биде студено, а подоцна, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Наредните денови ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од среда портокалова фаза, температури и над 40 степени

Редакција

Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Редакција

За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер

Редакција