еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Стартуваше новата македонска серија „Куќен притвор“

Новата играна серија „Куќен притвор“, која е првата спин-офф серија во македонската ТВ продукција, синоќа ја имаше својата премиера на МРТ 1.

Публиката ќе има можност да ги погледне првите четири епизоди предпремиерно на стриминг платформата GLEY.

По исклучителниот успех на „Преспав“, чија што седма сезона е во фаза на подготовка, ОХО продукција на својата публика ѝ ги отвора вратите од домот на еден од најпопуларните, но и најмистериозни ликови од пансионот – инспектор Томе.

Кога инспекторот е приведен од органите на прогонот, изречена му е мерка притвор која треба да ја издржува во местото на живеење според лична карта. По игра на случајот, на таа адреса живее поранешната сопруга на Томе, Вера, со нејзиниот нов и значително помлад партнер Мете.

„Куќен притвор“ е серија која низ вообичаените комични инструменти на ситкомот ќе претстави една поинаква, поинтимна страна на познатиот инспектор, а ќе ги преиспитува и семејни динамики во најразлични контексти, имајќи предвид дека динамичниот наратив испреплетува социјални, емоционални и интимни, и современи политички аспекти.

Главните улоги ги толкуваат познатите актери од домашната сцена Горан Стојановски (Инспектор Томе), Ирена Ристиќ (Вера, сопругата), Сашко Коцев (Таки Кошка, адвокатот), Дениз Абдула (Мете, партнерот на Вера), Јована Спасиќ (Сузе, комшиката) и Зоран Љутков (Звонко, судијата).

Креатори на серијата се Пеце Талески, Сашо Кокаланов и Вардан Тозија.

Главен сценарист е Сашо Кокаланов, главен режисер е Вардан Тозија, а продуцент е Пеце Талески (ОХО продукција). Се реализираше во ко-продукција со Македонска Радио Телевизија и националната стриминг платформа GLEY.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бидете внимателни: Попладне и ноќеска се очекува невреме со пороен дожд, грмежи и град

Редакција

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани на Македонската берза

Редакција