Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил пренесен во болница поради можна респираторна болест и бил тестиран за коронавирусот, јави весникот Известија, повикувајќи се на затворската служба.
Навални претходно изјави дека има треска и силна кашлица и оти тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.
Eден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека почнува штрајк со глад.
Навални (44) исто така тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.
МИА/Фото: Фејсбук/Навални
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.