еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не чека двоен раст на цената на струјата или ќе имаме рестрикции

Од почетокот на идната година, граѓаните ќе плаќаат повисока цена на струјата за над 20%, прогнозираат енергетските експерти.

Како резултат на енергетската криза цената за еден мегават на берзите се искачи на над 250 евра, со што растот на цената во споредба со минатата година е скоро 10 пати.

Македонија е во уште по деликатна состојба во сегментот на енергетиката. Производството е во лоша кондиција, а за да надополни потребните количини Македонскиот преносен систем оператор (МЕПСО) неколку пати преземал балансна енергија од европските преносни системи.

Заради тоа компанијата веќе петти пат е опомената за недозволено преземање на балансна енергија.

Увоз на струја и зголемување на производството, кое ќе чини е единствено решение. За да интервенира државата веќе најави прогласување на енергетска криза, која ќе даде правна рамка за трансфер на средства од државата во енергетскиот систем, со што ќе се надополни загубата, која според проценките за еден квартал изнесува 150 милиони евра.

Експертите објаснуваат дека струја ќе има, но ќе ја плаќаме двојно повеќе. Увозот на струја од берзите ќе ја подигне цената на струјата, исто како и домашното производство кое ќе чини поскапо заради увозот на јаглен. Тоа ќе се рефлектира на крајната цена која ќе мора да ја платат граѓаните.

Разликата на цените во земјава и оние на берзите се огромни. Имено, ЕСМ продава струја на ЕВН Хоум по 37 евра по мегават, а на берзите во регионот истата количина се продава по 250 евра за мегават.

Вештачкото одржување на ниска цена на струјата за граѓаните, со ваквите трендови на пазарот станува многу скапо и неодржливо. Цената на струјата ќе расте, затоа мора што поскоро се подготват граѓаните и државата за овој ценовен шок, велат експертите.

Доколку не се обезбеди финансиска одржливост, можно е да се воведат рестрикции за да се намалат финансиските загуби.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски посочи дека струја има, но по многу повисоки цени, а најави дека ќе бидат искористени сите механизми за да се намали ценовниот шок.

Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија пак бараат зголемување на домашното производство за да може бизнис сектор да планира на реални импути.

Растот на цените во Европската Унија се случува како резултат на неколку фактори.

Имено, транзицијата од конвенционални кон обновливи извори на енергија (зелената агенда) го намали производството на струја. Минатата година во Европа имало историски најмалку ветрови заради што производството од овие извори е намалено.

Дополнително на тоа, како резултат геостратешки тактики, Русија го намали дотокот на гас за ЕУ, со што гасните централи не можеа да произведуваат струја.

На растот на цената влијаеа и ЦО2 сертификатите, чија цена се зголеми драстично.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата, вели Бислимоски

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе биде прогласена, најави Бектеши

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без најава, преминот „Евзони“ повторно затворен за влез во Грција 

Редакција

Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

„Кога ќе дојде време“: Париз е подготвен за состанок со Софија и Скопје за билатерален договор

Редакција