еМагазин
Image default
Македонија

МНР: Нема потврда дека дипломатска пратка се злоупотребила за шверц на цигари и алкохол

Министерство за надворешни работи информира дека не е најдена никаква трага во министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба, а за која пишуваше „мкд.мк“, дека „големо количество цигари и алкохолни пијалаци биле „покриени“ со дипломатски печати, пломби и документи“.

„Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи.

Дополнително, дадена е насока и во рамките на нашите дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи.

Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека, иако нема потврда за постоење на ваков случај, министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Редакција

Мицкоски: Сценариото на оската ДУИ – СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, уставни измени нема да има

Редакција

ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари

Редакција