еМагазин
Image default
Македонија

„SafeJournalists“: Јавна осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите во Македонија

Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на новинарите во Македонија, оценуваат од мрежата „SafeJournalists“.

„Во неколку одвоени инциденти, новинарите Џумадије Ибраими од ТВ Клан, Салије Садику од ТВ 21 и Ферикан Арифи од Еуроњуз Албанија и други беа опструирани во нивната работа додека известуваа за изборниот процес од членови на изборни комисии, членови на политички партии и полицајци.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди овие опструкции и побара од Државната изборна комисија (ДИК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да постапат и да ги решат сите пријавени инциденти од изминатата недела,“ се вели во соопштението на ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на вчерашната прес-конференција изјави дека влегуваме во завршна и најжестока фаза од изборната кампања – јасно и гласно предупредуваме дека сето тоа мора веднаш да престане.

МВР, Државната изборна комисија и Обвинителството мора веднаш да реагираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера низ државата. Затоа бараме реакција од надлежните веднаш, не утре, туку сега“, истакна Чадиковски.

Мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на напорите на својата членка ЗНМ во подигање на свеста за проблемот со повреда на правата на новинарите особено во периоди на избори, додека правото на информирање е суштинско и се приклучува на повиците надлежните институции да ги разрешат инцидентите и да ги казнат сторителите.

Само со брза реакција на институциите ќе се избегнат поголеми инциденти во кои може да биде загрозен физичкиот интегритет на новинарите.

Мрежата „SafeJournalists“ ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој дојде на „жешката“ седница на Централниот одбор на СДСМ?

Редакција

Александар Трајановски е назначен за нов директор на ТОАРИЛУЦ

Редакција

Осум дена притвор за пиштолџијата од „Скендербег“

Редакција