еМагазин
Image default
Македонија

10.386 граѓани примиле трета доза на вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 се ревакцинирани, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356, а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет ќе го советуваат Филипче

Редакција

Убава вест: Оздравени 393 болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција