еМагазин
Image default
Македонија

Неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет ќе го советуваат Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Данаиловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

„На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања.

Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

Во новата година му посакав добро здравје и успех.  Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката,“ изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кочани гори! Апел за помош!

Редакција

Одбиени барањата на одбраната на Груевски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Редакција

Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.445 тестирања

Редакција