еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

RYCO: Развој на Западен Балкан преку поголема соработка помеѓу младите

Поттикнување и зајакнување на меѓукултурната размена, создавање на поголема мобилност, како и поголемо вклучување во креирањето на политики за младите во насока на постигнување на економски просперитет во земјите од Западниот Балкан и што поскора европска интеграција, е главна цел на независната меѓувладина организација RYCO (Regional Youth Cooperation Office) основана од шесте влади на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

RYCO активно поддржува проекти кои ги поттикнуваат и охрабруваат младите да се ангажираат во неколку различни сегменти како што се училишни проекти, зајакнување на младинската соработка и размена, регионален инкубатор за социјално претприемништво, поттикнување на волонтерство и зголемување на бројот на млади волонтери од регионот – ROUTE WB6, поддршка на колективно лидерство за помирување во регионот и учество на младите во процесите на одлучување.

Иако во текот на 2020 година се работеше во вонредни услови поради околностите предизвикани од пандемијата со Ковид-19 вирусот, RYCO успеа да ги заокружи започнатите проекти и да обезбеди нови можности за соработка и поддршка за следната година.

Со поддршка на Европската комисија обезбедени се 330.000 евра за регионални младински проекти. Во рамките на училишните проекти предвидени за следната година, во завршна фаза е изработката на новите прирачници и едукативни алатки за училиштата и за младинските работници и тренери за интеркултурно учење и помирување.

На пролет ќе стартува и проектот за размена меѓу училиштата, преку кој ќе се обезбеди размена низ регионот на околу 100 ученици. Досега се поддржани 326 училишта, кои реализираат 100 проекти во регионот на Западен Балкан.

„Остануваме посветени на нашата мисија – поголемо вклучување и зајакнување на соработката на младите од регионот и вложивме дополнителни напори и во овие вонредни околности да ги реализираме нашите цели. Активни бевме на повеќе полиња, но особено значајни беа средбите со претседателот Стево Пендаровски и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје г. Дејвид Гир, кои ги запознавме детално со нашите активности. И двајцата изразија огромна поддршка и го потенцираа значењето на вклучувањето на младите во процесите на одлучување во насока на развој на регионот“, истакна Алберт Хани, директор на канцеларијата на RYCO во Скопје.

Во регионалниот инкубатор за социјално претприемништво се вклучени 137 млади луѓе од регионот, кои со партнерите на RYCO и преку своите иновативни бизнис модели ќе влијаат за развој на општеството и зголемување на конкурентноста. Следната година се планира и претставување на новиот модел за волонтери во регионот преку кој околу 400 луѓе ќе волонтираат на различни настани и активности во траење до 2 месеци. Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации на www.rycowb.org.

Силни, конкурентни и иновативни млади луѓе во регионот на Заладен Балкан и понатаму останува главна мисија на RYCO. Оттука, организацијата ќе продолжи да поддржува проекти во кои младите од регионот ќе бидат отворени да се соочат со минатото и заеднички да ја градат иднината, базирана на демократски принципи, човекови права, развој и иновативни концепти и силен Западен Балкан.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина го направи процесот на проширување на ЕУ политички, рече Лајчак на „Преспа форум за дијалог“

Редакција

Известувачот за Македонија побара одложување на гласањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент

Редакција

Европарламент: ЕУ да ја поправи стратегиската грешка и да почне преговори со Скопје и Тирана

Редакција