еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Новогодишна честитка од длабочините на Охридското Езеро

Нуркачкиот центар Амфора и Клубот за подводни дејности Охрид веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваа Новата година и божиќните празници со китење елка под вода, но овој пат поради пандемијата со Ковид-19, најдоа друг начин да ни испратат новогодишна честитка од длабочините на Охридското Езеро.

„Во услови на пандемија, оваа година одлучивме да не се зголемува бројот на нуркачи на едно место, формиравме групи од 3-4 членови и нуркавме на 3 различни локации на Охридското Езеро и тоа Заливот на Коските, Трпејца и Св.Наум кај изворите.

Им ја честитаме Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите“, напиша на Фејсбук од Амфора.

Фото/видео: Амфора/Love and Life Studio

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Трпковски е убиениот доктор во скопска Железара

Редакција

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

Редакција