Истрага на Обединетите нации за кршење на човековите права од руската инвазија на Украина не заклучи дека имало геноцид во Украина, изјави денеска нејзиниот претседавач.
„Не откривме дека имало геноцид во Украина“, рече норвешкиот судија Ерик Мозе, шеф на истражниот тим, на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека „забележале дека има некои аспекти што може да покренат прашања во врска со тоа кривично дело“. „Но, ние се уште немаме донесено никаков заклучок овде“, рече Мозе.
МИА/Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.