еМагазин
Image default
Македонија

“Не за бугарскиот Хитлер“: Од Левица повикаа на протест против отварањето на бугарското здружение „Цар Борис III“

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза, информираат од огранокот на партијата во Охрид.

“Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!

На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.

Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото!

Не за бугарскиот Хитлер!

Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.

Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт.

Смрт за фашизмот, слобода на народот!“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Левица ќе поднесе иницијатива за забрана на бугарското здружение „Цар Борис III“

Сојузот на борци со осуда за отворањето бугарски здруженија со имиња кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле хоспитализирани во текот на болеста

Редакција

За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив

Редакција

Аеродром со рекордни 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција