еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во Националниот парк Шар Планина

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница била усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина.

Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат.

Се работи за МХЕ  Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Редакција

Марковска: Стојам на располагање за обуки на тимовите кои имаат одговорност за одржување на хигиената во компаниите

Редакција

Раст на прометот и бројот на трансакциите на Македонската берза во февруари

Редакција