еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сојузот на борци со осуда за отворањето бугарски здруженија со имиња кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на граѓаните

Сојузот на борци од Народноослободителната и антфашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи најостро го осудува чинот на отворање на здруженија на нашите соседи од Бугарија користејќи ги имињата на личности од историјата кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на нашите граѓани од минатото.

-Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи истакнува дека не е воопшто против отворање на здруженија на наши сограѓани, но најостро го осудува чинот на отварање на здруженија на нашите соседи од Бугарија користејќи ги имињата на личности од историјата кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на нашите граѓани од минатото.

Секогаш сме биле и ќе останеме на страната на пријателството и добрососедството, но ваквиот чин го осудуваме и истиот не претставува чин на добрососедатво, напротив истиот го поткопува соживотот, добрососедството и патот кон европските вредности, стои во заклучокот кој е едногласно донесен на денешната седница на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Враќање на фашизмот и провокација: Еврејската заедница ќе поднесе кривична пријава за името на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни

Редакција

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција

Ковачевски забранил да се купуваат морска храна, бадеми и лешници во Владата, парите ќе бидат насочени за најранливите категории граѓани

Редакција