еМагазин
Image default
Македонија

Нема детали колку ќе чини и како ќе изгледа: Владата ќе води кампања за референдумот за името

Владата донесе одлука за спроведување на кампања од јавен интерес за референдумот за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”.

– Кампањата за референдумот ќе се спроведе со цел споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата, се вели во владиното соопштение.

Од Владата појаснуваат дека кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и рационалност.

– Во процесот на спроведување на информативната кампања за референдумот, владините службеници за комуникации и односи со јавност, како и за секоја друга официјална владина комуникација, ќе работат согласно стандардите и кодексот на однесување во рамки на Закон за административни службеници и Етички кодекс на административните службеници, како и согласно универзалните принципи на интегритет, чесност, објективност и непристрасност, се вели во владиното соопштение.

Владата ги задолжи сите министерства и други органи на државната управа, во рок од три дена до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, соседите треба да се признаваат меѓу себе, смета Села

Редакција

Димитров за интерпелацијата: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

Редакција

(Фото) Се вакцинирав како политичар, но ви се обраќам како доктор, вели Османи откако се вакцинираше против Ковид-19

Редакција