еМагазин
Image default
Македонија

Нема одлука за отварање на училиштата од септември

Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за образование и наука изутрината одржаа состанок на кој се дискутираше за здравствените протоколи за реализација на наставата, како и можното започнување на наставата од 1 септември.

Денеска не беа донесени заклучоци во однос на овие прашања, соопшти Министерството за здравство.

Разговорите, како што информираат од Министерството, продолжуваат и во наредните денови со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

– Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи, што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија се приклучува кон глобалната набавка за вакцини за корона вирусот

Редакција

Поради смртен случај на обвинителката Русковска, судењето за насилството во Собранието одложено за утре

Редакција

Поради здравствени причини одложено судењето за Жан Митрев

Редакција