еМагазин
Image default
Бизнис

Нема поголеми гужви на граничниот премин Делчево за влез во Бугарија

Македонските државјани од вчера можат да влезат во Република Бугарија со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Оваа вест која претходно беше објавена во бугарските медиуми, денеска ја потврдија од граничен премин Делчево од каде информираа дека засега нема поголеми гужви на преминот.

-Според информации на нашите колеги од граничен премин Станке Лисичково, со оваа одлука ќе им се дозволи влез на туристите од С.Македонија, коишто ќе обезбедат ПЦР тестови, не постари од три дена.

Одлуката засега не предизвика поголеми гужви на нашиот граничен премин. Очекуваме тоа да се случи за време на викендот, информираа од граничен премин Делчево.

Согласно претходната одлука во Бугарија, имаше забрана за влез за македонските државјани во периодот од 16 до 31 јули, освен за транзитирање преку оваа земја.

Во моментот согласно последните информации на бугарското Министерство за здравство, во Благоевград кој е првиот најблизок град до Делчево има шест позитивни на вирусот додека во целата Благоевградска област заразени се 19 лица.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска македонските граѓани можат да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР-тест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По реaкцијата на граѓаните, пензионерите за сега „куртулија“ да не се регистрираат за е-персонален данок

Редакција

Платата на Заев не подлежи на новиот данок, има ли министри кои ќе плаќаат повисок данок?

Редакција

Туристичките работници бараат итно бесплатни ПЦР тестови за странски туристи

Редакција