еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема пријава за напад врз полицајци во Арачиново, ама има за недолично однесување на полициски службеници на тамошниот пункт, вели Спасовски

Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека доцна синоќа „полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група“.

Одделот за крим-полиција и внатрешната контрола, како што информира тој, денеска работат и со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можат да информираат.

– Пренагласено е дека тоа било со оружје, но да видиме што ќе излезе на крај. Прво да видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после да можеме да разговараме за се друго, рече Спасовски, додавајќи дека треба да ги утврдат фактите за да видат што се случило.

Тој повтори дека досега нема службен материјал којшто укажува на тоа дека имало таков напад, па дури и вербален, врз полициски службеници.

– Затоа викаме да заврши комплетно, ќе ги имаме деталите во овој случај, да видиме дали ќе се потврдат таквите информации или не. Факт е дека се појавуваат многу информации во јавноста и тоа во последниот период, меѓутоа ќе мораме да реагираме во однос на целиот овој настан, рече Спасовски.

Како што објавија некои медиуми, во текот на вчерашниот ден, во скопско Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето, според овие наводи, упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вооружена група блиска до власта избркала полицајци од Арачиново, обвини ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Санчез: Шпанија останува важен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Хорор во Скопје: Се опијанил и ја силувал ќерката

Редакција

(Видео) Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ќе изградиме поинаков Западен Балкан кој ќе биде фактор во Европа

Редакција