еМагазин
Image default
Македонија

Немало предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во Њујорк, тврди Османи

Нема предлог од Владата за повлекување на актуелниот конзул кој е во Њу Џерси и именување нов, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, во врска со реакциите во јавноста, откако дел од медиумите објавија дека 28-годишната телевизиска презентерка Бесмира Ејупи била предложена за генерален конзул во Њујорк-Њу Џерси.

– Бидејќи сум ограничен поради фактот што овие шпекулации и нецелосни информации излегуваат од затворена седница на Влада и не сум во состојба да ги образложам, за жал, затоа што пренесување информации од затворена седница на Влада е казниво според закон, она што можам да го кажам е дека уште вчера портпаролите на Влада демантираа, меѓутоа и ние денеска како МНР известивме дека имаме конзул во Тотова, САД и тој има мандат до јуни 2023 и немаме никакви планови да предложиме нов, истакна Османи во синоќешното гостувањето на ТВ Сител.

Според него, сите именувања, предлози и сите дебати за амбасадори и за конзули, додека не се добие потврда од земјата во којашто заминува, се доверливи информации и не смеат да се коментираат во јавност.

– Имаме девет генерални конзулати, сите се пополнети, само еден конзулат се уште не е пополнет, а тоа е во Торонто. Од овие осум што се пополнети, четворица се надворешни, тројца се внатрешни од МНР, повеќето сум ги наследил што ги именувале моите претходници, така што нашиот закон вели до една четвртина најмалку треба да бидат од куќата, да бидат кариерни дипломати, информира Османи.

Тој притоа се пофали дека минатата година испратил околу 20 амбасадори, што, како што рече, е една третина од вкупниот број амбасадори што ги имаме, и тоа само за една година.

– Од тие 20, дури 16 се дипломати од МНР. Законот вели 25 проценти, јас одам на 85 проценти, бидејќи тоа беше ветувањето и целта дека ќе ја професионализираме дипломатијата, но секогаш ќе има и политички номинирани и амбасадори и конзули, и тие политички номинации доаѓаат од Владата, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немало никаков предлог за конзул во Њујорк на затворена седница, тврди Груби

МНР се огласи: Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

28 годишна телевизиска презентерка предлог на Владата за генерален конзул во Њујорк

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар

Редакција

На Табановце за влез во државава се чека и до еден час, на Богородица и Блаце за излез до половина час

Редакција

Нема нови случаи на заболени од коронавирусот во затворот во Шутка

Редакција