еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР се огласи: Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

Министерството за надворешни работи денеска излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк.

–Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР потенцираат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

28 годишна телевизиска презентерка предлог на Владата за генерален конзул во Њујорк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелија ќе добие градоначалник во вториот круг, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Од Ковид-19 починале две лица

Редакција

Убава вест: Оздравени 221 болни од Ковид-19

Редакција