еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Непреставувањето на г.г Стефан како „Архиепископ Охридски и Македонски” било ненамерен пропуст

Здружението Бадникови поворки како организатор на Божикниот концерт во Македонска Филхармонија, која се пренесуваше на МТВ, а по повод реакцијата во јавноста во однос на нецелосното презентирање на титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ на Неговото Блаженство, г.г Стефан, испрати официјално извинување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г.г Стефан бара извинување од МТВ1 зашто наместо „Архиепископ Охридски и Македонски“ бил преставен како „Архиепископ Охридски“

-Соочувајќи се со Вашата реакција во јавноста, а во однос на нецелосното презентирање на Вашата титула „Архиепископот Охридски и Македонски“ длабоко извинувајќи ви се како организатор на концертот, сакаме да Ве известиме дека се работи за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото и воедно да отфрлиме секаква залонамерна предумисла.

Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение.

А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: “Архиепископ Охридски и Македонски“.

Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката  на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас.

Ние како здружение, верно на нашата најсвета МПЦ-ОА, сме сигурни и постјани во љубовта и почитта кон Вас, Вашата личност, кон Вашето дело и кон местото на Претстојател на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Ние сме верници кои го почитуваат редот и поредокот во Црквата и не сакаме никого и со ништо да навредиме, а нашата љубов кон Вас, досега многупати, а завчера особено беше покажана пред лицето на јавноста не како нешто невистинито, туку како изблик на искрена љубов кон Вас од нашето срце.

Всушност, и целиот наш волонтерски ангажман кон возобновувањето на автентичните православни традиции за празнувањето на Божик, со поворките и пеењето на преданиските текстови на каландите, е еден наш жртвен и макотрпен принос, но и дар за нашата Црква, како и за Вас како нејзин Поглавар.

Не сакаме оваа ненамерна ситуација да фрли сенка на сиот наш досегашен труд, на нашето уважување и љубов кон Вас. Особено не поради лошите намери на поединци, кои без никаков труд, сега сакаат со своето лошо зборување и злонамерно расудување – правејќи проблем таму каде што го нема, да го урнат тоа што е очигледно – нашата ревност кон верата и преданијата на Црквата.

Примете го уште еднаш нашето длабоко извинување за ненамерниот пропуст.

Со прозби за Вашиот благослов и архипастирските молитви, велат од здружението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24-годишното момче од Ресен кое почина од Ковид-19 одбило да остане во болница

Редакција

Министерката Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина

Редакција

Ни трага ни глас од детето: Дирекцијата за заштита и спасување се вклучува во потрагата по Петар Џобоски од Мариово

Редакција