За адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, соопштението на австрискиот амбасадор Георг Вуцас за деловен спор на австриска и македонска компанија е непримерно и недипломатско.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Непримерно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, кој си зема за право да се меша во внатрешните работи на земјата и ја приватизира функцијата за да помогне на приватно правно лице да наплати приватен долг.
Една работа е да зборуваш за принципот владеење на правото, друга работа е да бараш “смена на судии и обвинители”, значи СМЕНА, не ПРЕИСПИТУВАЊЕ на нивната работа, ставајќи се истовремено во улога на обвинител и на судија и на комисија која одлучила кој и зошто треба да се смени, а сето тоа заради заштита на приватни интереси на ЕДНА (угледна) ФИРМА.
Најтажното е што дојдовме до дереџе да дипломати си земаат за право вака да се однесуваат најверојатно мислејќи дека само таков јазик разбираме, а богами и заслужуваме.
Дупло тажно е што некои, родени овде, се радосни за ваквото непримерно однесување на гостин во нашата држава од нарцисоидни причини – дека биле во право кога тврделе дела е корумпирано судството.
Ова е последица на понижувањата што Судскиот совет му ги приреди на секој еден судија во државава и тие не се побунија.
Сега ќе бришат под со вас. Допрва ќе бришат’, напиша таа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев се закани со тужба за австрискиот амбасадор и амбасадата
Фото: Фејсбук/Јошевска Анастасовска