еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев се закани со тужба за австрискиот амбасадор и амбасадата

По обвинувањата од страна на австрискиот амбасадор Георг Вуцас дека австриска компанија неможе да наплати долг од македонска, поврзана со поширокото семејство на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со реакција се јави и Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австрискиот амбасадор реагира за измама на австриска фирма од страна на македонска, поврзана со братучетка на Заев

„Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука, како и впрочем се очекува без разлика за кој граѓанин или правен субјект се однесува.

Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето.

Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот.

Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Северна Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име.

Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија“, стои во реакцијата на Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непримерно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, смета адвокатката Јошевска Анастасовска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Транспаренси интернешенел: Македонија паѓа на „коруптивната листа“, препорака да нема недопирливи

Редакција

Обвинителството бара лицето приведено за инцидентот во Ѓорче Петров да биде пуштено, бидејќи ДНК трагите во возилото не се негови

Редакција

Мицкоски повика на мирен протест во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“

Редакција