еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за сообраќајката кај Струмица во која загина 47-годишен маж

Еден загинат и еден повреден е билансот од синоќешната сообраќајка која се случи во 21:45 часот на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на излезот од селото Дабиле кон Босилово.

Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобили „фиат“, упоравуван од Р.М.(31) од село Костурино и „мерцедес“ управуван од А.Ѓ.(47) од село Бориево и двата со струмички регистарски таблички.

Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ.. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Струмица, а возачот Р.М. бил повреден.

Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција

„Бум“ во работењето на инвестициските фондови во Македонија минатата година

Редакција

Германија, Австрија и Чешка против барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Редакција