еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна измама: Се претставил како директор, подигнал „роба“, но никогаш не платил

Надворешната канцеларија за кривични работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира МВР.

Во декември 2018 во Скопје, во просториите на правно лице од Скопје, пријавениот, лажно претставувајќи се како сопственик на правното лице, ги довел во заблуда З.Л., сопственик на правно лице од Свети Николе и неговата сопруга, при што истите склучиле договор за купопродажба на производи во вредност од 365.819 денари.

По ова, до денот на пријавување на настанот, истиот не извршил уплата за подигнатата роба, додека издадените фактури не биле евидентирани во сметководството на правното лице од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за пожарот во „Глобал“: Температура до стотици степени, хидрантите биле неупотребливи

Редакција

Со семејството бил на излет: Во езерото Подлес се удави 51-годишен жител на Градско

Редакција

Oбвинение за негувателката која тепаше дете во игротека во Аеродром, се бара и продолжување на притворот

Редакција