еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Невработеноста лани во четвртиот квартал, 16,1%

Во четвртото тримесечје од минатата година бројот на активното население во земјава изнесувал 941.524 лица, од кои 789.552 биле вработени, а 151.972 невработени лица.

Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено високо образование.

Во четвртиот квартал од 2019 година, пак, бројот на активно население изнесувал 968.604 од кои 807.362 биле вработени,а 161.242 невработени лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во четвртиот квартал од 2020 година е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крпен живот: Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси 3.000 денари во однос на јануари

Редакција

На компаниите ќе им се признаваат расходите за регрес за годишен одмор и за тестирање за Ковид-19

Редакција

93% од компаниите имаат потреба од нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата

Редакција