еМагазин
Image default
Бизнис

Невремето предизвика мала материјална штета во продажниот салон на Нептун во Ист гејт

Вчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион, во кое за среќа немаше човечки жртви, предизвика мала материјална штета во еден од вкупно 26 продажни салони на „Нептун“, односно во продажниот салон во трговскиот центар „Ист гејт“, информираат од „Нептун“.

-За среќа, во невремето не е повреден ниту еден потрошувач или некој од вработените во салонот во „Ист гејт“, единствено е предизвикана мала материјална штета која во моментов се санира.

Поради тоа, продажниот салон во „Ист гејт“ ќе биде времено затворен денеска и утре, период во кој ќе се санираат оштетувањата во објектот, ќе се заменат оштетените производи и ќе се изврши дезинфекција на целиот продажен салон. По целосното оспособување на објектот, продажниот салон на „Нептун“ ќе продолжи со нормална работа.

Воедно, сакаме да ги известиме нашите потрошувачи дека сите производи кои ги купуваат во „Нептун“ се чуваат и им се доставуваат од главниот магацински комплекс на компанијата кој не претрпе никакви штети при вчерашното невреме, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмички Грозд со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

Оставка си поднесе заменик директорот на „Факом“, Бојан Јордановски назначен за ВД генерален директор

Редакција

Продаден блок акции од „МЗТ Енергетика“ за 106.000 евра

Редакција