еМагазин
Image default
Бизнис

Независната угостителска комора бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

Независната угостителска комора (НУК) преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори.

НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори.

– Ги прашуваме јавно и транспаретно и министерот Венко Филипче и претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора, која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период, повторно се игнорираат и деградираат.

Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Северна Македонија ја искористи себично за лични интереси и само за своите членки донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори, се наведува во реакцијата.

Од НУК бараат министерот за здравство јавно да им се извини на сите угостители, а Министерството за здравство во најкус рок да ги објави начините планирани за вакцинирање што се договорени на состанокот со коморите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ректорот на УКИМ, Јанкуловски прашува по кои критериуми се одвива вакцинацијата во високото образование

Дневно ќе се вакцинираат по 300 до 400 лица од списоците на стопанските комори

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест за акционерите: „Македонијатурист“ ќе дели бруто дивиденда од 239 денари за акција

Редакција

Просечната нето-плата во април 31.525 денари

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Управата за заштита на културното наследство за набавка на горива вреден 30.000 евра

Редакција