еМагазин
Image default
Техно

НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер: Запознајте ја Нела – првиот банкарски електронски асистент

НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и од денес е достапна на Вибер, информираат од Банката.

Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент – НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите.

Како иновативни предводници кои ги следат новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка – клиент.

 „Со цел подобрување на корисничкото искуство, континуирано вложуваме во надградување и подобрување на услугата и достапноста, како и градење и одржување на отворена и блиска комуникација со нашите клиенти.

Воведувањето на оваа корисна, и би рекле, забавна комуникациска алатка беше само еден логичен тек на работите за нас во НЛБ Банка. Свесни за потребите и барањата на нашите клиенти, модерниот начин на комуникација и широката употреба на Вибер апликацијата, први на пазарот, го лансиравме Вибер chat bot-от преку кој нашите клиенти ќе комуницираат со НЛБ Електронскиот Асистент – НЕЛА.

Таа ќе биде достапна за сите прашања и потреби на нашите клиенти, ќе им помогне лесно да ја пронајдат најблиската експозитура или банкомат, да добијат помош при избор на соодветен кредит или картичка, да закажат состанокда аплицираат онлајн за кредитен продукт и воопшто да добијат брза и безбедна поддршка.

Затоа, Ве охрабруваме да станете и Вие дел од нашата Вибер заедница и да се уверите во нејзините придобивки“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка.

За да ја запознаете НЕЛА и да се вклучите во оваа возбудлива двонасочна комуникација потребно е да се регистрирате на Вибер ChatBot-от кој e достапен на следниот линк: viber://pa/?chatURI=nlbbankaskopje 

За уште позабавно корисничко искуство преземете ги специјално креираните НЕЛА стикери достапни на линкот ОВДЕ.

Со оваа нова понуда НЛБ Банка уште еднаш го потврди имиџот на современа банка која се грижи за подобра услуга, поголемо корисничко задоволство и градење на блиски релации со клиентите.

Банката и во иднина ќе продолжи да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и креирање на персонализирана понуда со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги како преку современите така и преку традиционалните канали за продажба“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија ги доби 5G фреквенциите

Редакција

Важноста на дигитализацијата во современиот свет, особено во банкарството и осигурувањето

Редакција

Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

Редакција