еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Секој паметен телефон може да биде прислушуван без да се инсталира специјален софтвер

Секој паметен телефон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди компанијата Даст Мобајл (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за кибер безбедност во Лил, на северот на Франција.

„За 500 долари месечно на дарк нет (кој не е видлив на обичните пребарувачи), хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки“, соопштија од компанијата.

Компанијата прецизира дека хакер може дури и да промени некои пораки и да ги испрати на некој друг од вашиот број. Може да остварува и телефонски повици од вашиот број.

Компанијата разви систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање. Овој систем може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки на СИМ-картичките или системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор.

Овие недостатоци се присутни уште од самиот почеток, бидејќи овие протоколи за комуникација помеѓу операторите првично беа дизајнирани без заштита, бидејќи само операторите имаа пристап до овие протоколи.

Сега секој може потенцијално да има пристап. Мобилната компанија Даст создаде заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад го активира алармот и веднаш го блокира нападот. Ваквата картичка е особено наменета за компании и владини институции.

Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби.

Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, со софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина.

Еден од најпознатите такви софтвери е Пегаз.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати на Управниот одбор на Централна кооперативна банка лани исплатени 8,5 милиони денари бруто

Редакција

Министерството за информатичко општество и администрација вработува седум лица, плата до 25.022 денари

Редакција

Кој ќе го купи запленетиот имот на Груевски, еве што сè ќе се продава

Редакција