еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка прва на пазарот овозможува користење на електронски идентитет во соработка со Mastercard

НЛБ Банка е првата институција во земјата која од денеска, во своето работење интегрира користење на електронски идентитет, овозможувајќи им на клиентите да започнат целосно ново, дигитално искуство при вршење на банкарски услуги, информираат од Банката.

Ова во прaкса значи дека клиентите на НЛБ Банка можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да дојдат во експозитура и без користење на хартија.

Електронскиот идентитет им овозможува на клиентите на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат е-документи со својот квалификуван е-потпис, од било кое место во светот.

„Ова е уште еден голем успех за НЛБ Банка Скопје и целиот тим кој посветено работеше на имплементација на ова решение, во соработка со нашиот партнер Mastercard.

Со интергација на ова решение, како Банка веќе сме целосно подготвени да идентификуваме лице без физичко присуство во Банката, како и да проследиме електронска документација на корисник идентификуван на ваков начин, и повратно да добиеме електронски потпишан документ.

Ова е супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност во обавување на банкарските услуги. Горди сме на фактот што сме прва институција воопшто, која овозможи користење на  националната шема за  електронска идентитфикација при извршување на банкарските услуги, со што потврдуваме дека сме лидер во дигитализацијата.

Продолжуваме да бидеме пионери во имплементација на технолoшки напредни решенија во банкарството, сè со цел, подобрено клиентско искуство, оптимизација и поедноставување на работењето со клиентите, но и оптимизација и автоматизација на интерните процеси во Банката.

Дигитализацијата е новото време кое го живееме, а НЛБ Банка одлично одговара на овој предизвик,“ истакнува Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка, Скопје.

Електронската идентификација е услуга овозможена од Mastercard, управувана од Evrotrust, водечки провајдер на решенија за дигитален идентитет во Југоисточна Европа. Evrotrust e првиот регистриран издавач на шема за електронска идентификација во земјата, а за да истата може да се користи, потребна е интеграција со нивните системи, нешто што за прв пат на пазарот го направи НЛБ Банка АД Скопје.

„Mastercard е горд со имплементацјата на ова иновативно решение со кое дава силна поддршка во реализација на стартешката определба на НЛБ Банка за дигитализација на своето работење.

ID Operated by Evrotrust ги исполнува највисоките глобални стандарди на Mastercard за дигитални решенија од далечина. Услугата не само што е лесна и едноставна за употреба, туку е и безбедна, и во согласност со сите локални и европски регулативи,“ истакнува Вања Манова, Mastercard менаџер за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Постапката за дигитализација на идентитетот е брза и едноставна, достапна преку апликацијата ID Operated by Evrotrust на Google Play и App Store. Со апликацијата, освен електронска идентификација, корисникот добива и квалификуван дигитален сертификат, кој е замена за неговиот своерачен потпис.

Електронската идентификација е овозможена во Република Северна Македонија согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Evrotrust како регистриран издавач на шема за електронска идентификација во нашата држава, имплементира највисоки безбедносни принципи за ракување и заштита на личните податоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови шест медали за вината на „Тиквеш“ освоени во Кина

Редакција

Мини и Макси на Државна лотарија додели уште еден BMW X1

Редакција

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер

Редакција