еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

НЛБ Банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира „NLB Think Green“ кампања.

Во рамките на NLB Think Green кампањата, организирани и планирани се повеќе општествено одговорни активности со цел ангажирање на клиентите и граѓаните да размислуваат зелено и да се вклучат во активности за здрава и зелена животна средина, велат од Банката.

„Првата акција од NLB Think Green кампањата Банката ја започнува на 15.04.2019 година со поттикнување на своите клиенти да го променат начинот на достава на фактурите и наместо на хартија, да ги добиваат во електронска форма.

За секоја промена на хартиена фактура во електронска фактура, НЛБ Банка ќе донира по 10 денари. Поддршката ќе биде наменета за заштита на националните паркови во државата, со што првите собрани средства од оваа акција ќе бидат наменети за Националниот парк Маврово.

Клиентите ќе можат да го променат начинот на достава на фактурите во најблиската експозитура на Банката, преку НЛБ Контакт центарот на телефонскиот број 02/15-600, како и преку останатите дигитални канали на Банката“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Граѓани седнаа пред багерите на Водно

Редакција

Студија: Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед

Редакција

МАСВА и МЖСПП со меморандум за соработка ќе работат на унапредување на управувањето со отпадот во земјата

Редакција