еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со пролетна промотивна кампања за кредитите за физички лица

Почнувајќи од 1 март до 31 мај, промотивно во НЛБ Банка, клиентите кои ќе аплицираат за станбен, потрошувачки, хипотекарен или автомобилски кредит добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на недвижност за кредитите со обезбедување на недвижен имот, информираат од таму.

Промотивниот период од три месеци е вистинска можност за сите оние кои мечтаеле за сопствен дом. Oсвен наведените придобивки, НЛБ Банка за клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит, нуди и 10 години фиксна каматна стапка, како и можност за бескаматен кредит за опремување на домаќинството, во соработка со Нептун Македонија.

Дополнително, Банката има и широка понуда на градежни компании со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

-Оваа пролет е вистинско време и за сите оние кои сонувале за нов инструмент, велосипед, мопед, патување, венчавка или реновирање на домот. Сега можат да ги остварат своите желби со НЛБ Банка, искористувајќи ги промотивните придобивки на потрошувачките кредити за кои постапката за одобрување е брза и едноставна.

Потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра, велат од Банката.

Воедно, во своето портфолио НЛБ Банка нуди и Зелени кредитни продукти за физички лица преку кои стимулира купување на недвижности со енергетска лиценца, подобрување на енергетската ефикасност на постоечките објекти и инвестирање во еколошки транспорт и е-мобилност со што се придонесува кон намалување на загадувањето на животната средина и емисиите на стакленички гасови во воздухот и одржлив развој. Зелените кредитни продукти се со поповолни каматни стапки од стандардните кредитни продукти и истите се дел од актуелната промоција.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешкото виногорје домаќин на првиот светски натпревар за сортата вранец

Редакција

Агенцијата за поддршка на претприемништвото со јавен повик за менторски услуги

Редакција

Во Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки

Редакција