еМагазин
Image default
Бизнис

Никица Мојсоска Блажевски избрана за главен извршен директор на Македонија2025

Никица Мојсоска Блажевски е избрана за главен извршен директор на невладината организација Македонија2025.

Како што информираат од Македонија2025, Мојсоска Блажевски, има комбинирано академско искуство и во јавната администрација, како истражувач, консултант и менаџер.

„Многу сум возбудена и привилегирана што ја преземам оваа важна функција и што ќе продолжам да го надградувам она што досега е сработено. Цврсто верувам во мисијата на организацијата и решена сум да извршам значајно влијание преку програмите и иницијативите, и да ја направам Македонија просперитетна и напредна држава за нејзините граѓани. Исто така, сакам да го изразам своето задоволство од ангажираноста и мотивираноста на членовите на Одбор на директори на организацијата. Тие го поддржуваат мојот план за силен раст за организацијата во следната деценија. Со нетрпение очекувам вклучување на сите засегнати страни и партнери на Македонија2025 во успешно извршување на планот“, изјави Мојсоска Блажевски.

Таа доаѓа на местото на Билјана Марковиќ Стаменова, која осум години беше на оваа позиција.

Роберт Арсов пак по четири години на позицијата претседавач на Одборот на директори и две години на позицијата потпретседавач, ја отстапува позицијата претседавач на Вера Ставроф, а самиот тој останува член на Одборот на директори.

Ставроф е претседател и главен извршен директор на HerbalScience, Inc., од Колумбус Охајо САД, како и член на Одборот на директори од 2012.

„Би сакала да се заблагодарам на Роберт за неговото водење на организацијата како претседавач изминатите четири години. Исто така, среќна сум што станувам четвртиот претседавач на Одборот на
директори, откако поминав две години работејќи како потпретседавач и се радувам на соработката со Никица кон градење на уште поголема организација и обезбедување уште позначајно влијание во
земјата.

Има многу работи кои сакаме и треба да ги направиме со цел да помогнеме на земјата и драго ни е што најдовме некој со искуството на Никица, кој може да ја води организацијата на долг рок. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Билјана која беше ѕвездата на Македонија2025 и која заедно со нејзиниот тим успешно ја позиционираа организацијата како еден од најпрепознатливите брендови во Македонија и регионот“, изјави Ставроф.

Фото: Фејсбук-профил на Никица Мојсоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани

Редакција

Народна банка склучи договор со Giesecke+Devrient Currency Technology вреден 964,5 илјади евра

Редакција

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за специјализирана работна рака за ремонти во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција