еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нов силен земјотрес во Грција, почуствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, вечерва во 19 часот и 38 минути регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со локална магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци, земјотресот е почуствуван на целата територија на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, епицентарот на земјотесот бил во близина на грчкиот град Лариса, јужно од Еласонас, каде што вчера беше регистриран потрес со јачина од 6 степени според Рихтер, кој предизвика материјални штети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди Централна Грција, а ударот се почувствува и на Балканот

Македонка која живее во Лариса за МИА: Беше морничаво, тресе цело време по големиот земјотрес

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мали инциденти и четири приведени лица на ученичкиот протест во Солун против Договорот од Преспа

Редакција

Од Ковид-19 почина саксафонист Атанасовски, сопругата и брат му велат дека си замина поради “системската корона која владее во проклетијава“

Редакција

Екс-обвинителот Марко Зврлевски отвора адвокатска канцеларија

Редакција