еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нов закон за прекинување на бременоста нема, за абортус се чека

Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА го организира својот прв SexEd – едукативно-инспиративен настан за сексуалноста и сексуалните права, по повод 28 септември – Меѓународниот ден за безбеден абортус

SexEd 1.0. ќе се одржи во Кино Култура во Скопје со почеток во 19 часот. За правото на избор и за сеопфатното сексуално образование ќе зборуваат седум говорнички и говорници од Македонија, Романија, Холандија, Белгија и Ирска.

Преку индивидуалните приказни и согледувања, раскажани пред микрофон, SexEd ќе ги отвори темите што се дел од сечие секојдневје, но не и од јавниот дискурс. Иако сексуалното и репродуктивното здравје се неделив дел од животот на секој човек, достапноста на информации и услуги кај нас е далеку од доволна. Сексуалните и репродуктивните права се човекови права, но и натаму се прекршуваат.

Сè уште немаме нов закон за прекинување на бременоста, па девојките и жените во Македонија и ден-денес мораат да чекаат по три дена за да го остварат своето репродуктивно право. Услугите за сексуалното и репродуктивното здравје не се физички пристапни за лицата со попреченост.

На позитивната листа и натаму нема ниту еден орален контрацептив иако контрацепција користат само 13% од населението. Младите се оставени сами да се информираат за сексуалноста и за репродуктивното здравје бидејќи во училиштата не се учи за сексуално образование. Додека родителите и наставниците се трудат да се фатат во костец со табу темите, говорот на омраза и насилството си виреат во училиштата и на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Младата Кристина од Неготино има несекојдневна љубов: Одгледува свилени буби

Редакција

(Галерија) Пендаровски со сопругата на Галичка свадба, кој им правеше друштво

Редакција

Во сабота и до 17 степени: Во наредните денови натпросечно топло за овој период од годината

Редакција