еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нов заменик-градоначалник на Арсовска е Александар Трајановски, советник од ГРОМ

Откако вчера заменичката на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Бујаре Абази поднесе оставка, на таа позиција денеска е именуван Александар Трајановски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ГРОМ.

-Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација, велат од Градот.

Оттаму додаваат дека Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот и стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.

-Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, се здружува со “Огнената група“ на ДУИ и ГРОМ?

Каков имот пријавила Бујаре Абази, заменик градоначалничка на Град Скопје, која поднесе оставка

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирма со руски капитал регистрирана во ЕУ сакала да добие тендер во Одбрана, ја спуштила цената за 50%

Редакција

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Редакција

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција