еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нова грчка Влада: Герапетритис шеф на дипломатијата, Дендиас оди во одбрана

Државниот министер во претходниот Владин состав Јоргос Гераптертитис е новиот министер за надворешни работи на Грција, негова заменичка ќе биде искусната дипломатка Александра Пападопулу, а претходниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас заминува во Министерството за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот владин портпарол, досегашниот секретар на Нова демократија, Павлос Маринакис попладнево ја соопшти новата грчка Влада која има заедно со премиерот брои 63 члена (министри и заменици), од кои 15 се жени.

Се формира ново Министерство за социјална кохезија и семејство во кое и министерката и заменичката се жени, а единственото Министерство во кое нема промени на министерската позиција е она за култура.

Во сите други Министерства има ротации на челните позиции и нови личности.

Во Министерството за надворешни работи на местото на Дендиас е Герапетритис, а на заменичките места ќе бидат Јоргос Коцирас, Александра Пападопулу која меѓу другото, во минатото беше и амбасадорка на Грција во Скопје, а позицијата заменик МНР ја задржува Костас Франкојанис.

Во Министерството за финансии и национална економија доаѓа Костис Хаѕидакис, кој претходно беше министер за труд, а претходниот министер Христос Стајкурас оди во Министерството за животна средина и енергетика, додека пак Дендиас заминува за Министерството за одбрана каде што ќе има двајца заменици.

Досегашниот алтернативен шеф на дипломатија надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис ќе биде министер за поморство, а во Министерството за миграција и азил доаѓа професорот Димитрис Керидис.

Претходниот министер за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис оди во образование на местото на Ники Керамеос, која е новата министерка за внатрешни работи.

На местото на Василис Кикиљас во Министерството за туризам, кој ќе биде министер за климатски кризи, доаѓа Олга Кефалојани.

Паралелно во Владата има и тројца државни министри.

Новата грчка Влада утре во 13 часот ќе положи свечена заклетва, а в среда ќе ја одржи прва владина седница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски нето плати во декември

Редакција

„Виз ер“ ги прекинува летовите кон Италија, по одлуката на владата цела држава да биде во карантин

Редакција

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Редакција