еМагазин
Локално

Нова жртва во сообраќајка во Струмица, загина 37-годишен маж кај селото Самоилово

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу 22:00 часот се случила на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, кај селото Самоилово.

Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале два автомобили марка „шкода фабија“ и „фолксваген голф“ и камион со полуприколка со турски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал С.С. (37) од село Самоилово, кој го управувал „голфот„, додека Т.К. (24) од село Ново Коњарево и сопатничката А.Ј.(27) од автомобилот „шкода фабија“, како и возачот на камионот, М.К. (42) од Турција, се повредени и биле пренеси на лекување во струмичката болница.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Инаку, за само еден ден ова е втора сообраќајна несреќа со жртва. Првата се случи вчера во 07:50 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај, а во неа животот го загуби И.Д. (48) од селото Петралинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж на 48-годишна возраст загина во сообраќајка кај Струмица

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен осомничен за обид за убиство во Тетово

Редакција

Коцкарската нервоза зема замав: Во Струмица повторно искршен апарат за игри на среќа

Редакција

(Видео) Русинки и Украинки затечени при претрес во угостителски објект во Охрид кој имал забрана за работа

Редакција