еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, реагираат од партијата за објавата на Каракачанов

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира, во како што се вели во соопштението, лагите кои бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов ги објавува на својот Фејсбук-профил.

Од таму велат дека „ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест.“

„Очигледно дека Каракачанов воден од својата антимакедонска политика има за цел да оцрнува и да фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во Македонија која остро се спротивставува на неговите негации на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонската историја.

Гледаме дека Владата постојано молчи на неговите провокации, како во случајот со објавата на картата на Санстефанска Бугарија, и редица други навреди и изблици на империјализам својствен за 19 век.

ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички фактор кој се спротивставува на ваквата негаторска политика на Каракачанов и оттука е јасна причината поради која тој мора да се служи со лаги,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „лагите кои денес Каракачанов ги лиферуваше на својот Фејсбук профил нема да му помогнат на неговиот пријател Зоран Заев. Заев и неговата влада не ги спасува ништо од се поизвесниот крај, ниту спиновите, ниту лагите на Каракачанов.“

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да не меша нас

ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не не меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД, реагираа на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ.

“За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да не инволвираат нас.

Како и досега СДСМ нема со било каква постапка да дава повод македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасош

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за одбрана склучи договор со Супертрејд вреден 1,7 милион евра

Редакција

Хашим Тачи во Скопје: Гласајте „за“ на референдумот, тоа би било добро за целиот регион

Редакција

Пикот на омикрон е во благо опаѓање, но имаме проблем со ниската стапка на вакцинација, оценува Сали

Редакција