еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасош

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов продолжува со провокации.

Овојпат објави имиња и презимиња на Македонци со бугарски пасош на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Навредите и провокациите на Каракачанов кон Македонците, нема да им донесе леб на Бугарите

„Меѓу случајните имиња на кои наидов се, на пример: Александар Николоски, заведен во областа Средец – Софија, Антонио Милошоски, заведен во областа Вазараждане – Софија, Никола Мицевски, во Ќустендил, Стефан Андоновски, во Ќустендил, Марија Андоновска, Благоевград, Љупчо Димовски, Ќустендил, Бојан Стојановски, Благоевград, Иван Јорданов, Ќустендил, Игор Здравковски, Ќустендил, Марија Петрушевска, Средец, Дајанчо Ефтимов, Благоевград, Здравко Трајанов, Благоевград, Александар Пандов, Средец, Петар Богојески, Обориште, Филип Петровски, Средец, Стевица Јанева, Петрич и Тало ​​Груевски, Благоевград.

Има многу други, но секој што сака, може да провери за себе и за кое било друго лице, без оглед дали е од Македонија или не. Секој може сам да провери кои се лицата за кои станува збор“, додава Каракачанов.

Каракачанов во неговата објава вели дека избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски државјани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги објави, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас, a живеат на нејзина територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, реагираат од партијата за објавата на Каракачанов

Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 5.151: Починаа 16 лица од Ковид-19

Редакција

Никола Лазаров поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Редакција

Во Македонија регистрирани нови случаи на заразени со подваријанти на омикрон

Редакција