еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 381 случаи на Ковид-19, шест починати, 775 оздравени лица

Од 1.131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на Ковид-19. Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции.

Според  податоците од Институтот за јавно здравје, 173 од новодијагностицираните се од Скопје, од Битола се 36, Прилеп 24, Кавадарци 16, Куманово и Гевгелија имаат по 15 нови случаи, Кочани 10, Велес и Охрид по девет, Струмица осум, Гостивар и Штип по седум, Радовиш и Делчево по шест, Кичево, Неготино и Берово по пет, Тетово и Валандово по четири, Свети Николе три, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија имаат по два и по еден новозаразен е регистриран во Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58) и Охрид (67), кои починале во болнички услови.

Преку Регистарот од „Мој термин“, од 18 до 21 август починале четири лица од: Скопје (62), Кочани (73), Свети Николе (86) и Ресен (64). Две лица  починале во болница и две во домашни услови.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 775 оздравени пациенти: Скопје 229, Битола 72, Прилеп 66, Делчево 42, Куманово и Тетово по 30, Велес и Струмица по 29, Радовиш 26, Кавадарци 23, Гостивар 21, Штип 20, Крушево 17, Охрид 16, Кочани и Неготино имаат по 15 оздравени, Кичево 14, Крива Паланка 13, Гевгелија 10, Богданци осум, Берово, Валандово, Струга и Виница по седум, Ресен, Пехчево и Демир Хисар по пет, Дебар и Македонски Брод по двајца и Свети Николе, Македонска Каменица и Пробиштип по еден оздравен.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, оздравеле 326.990, починале 9.461, а активни случаи има 2.478.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Редакција

(Фото) Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“ отвори модерен локал во Веро центар

Редакција

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование

Редакција