еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 26,4%: За една недела нови 6.899 случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот (ИЈЗ) од 15 до 21 март 2021 година, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4 проценти во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 проценти во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (49,9 отсто), со неделна инциденца – 557,1/100.000.

Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3 отсто, просечно 27,9 отсто, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела,“ се вели во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

23 лица биле на возраст од 30 до 59 години: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 22,5% за една недела

Најголемо процентуално зголемување на заболени од Ковид-19 има кај децата од 10 до 19 години

6.704 здравствени работници се вакцинирани со прва доза, а 2.572 со втора доза вакцини против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат судењата за „Насилство во Општина Центар“, „Таргет-Тврдина“ и „Т.Н.Т.“

Редакција

„Пуцко петрол“ бара место во Одборот на директори на „Окта“

Редакција

„Нетра“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на предавателна опрема вреден 474.000 евра

Редакција