еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нови протеински барови од „Виталиа“ – иновација во вкус и функционалност

Модерниот начин на живот е брз, динамичен и бара постојана адаптација со цел да се постигнат најдобрите резултати и да се реализираат највисоките цели. За таа цел, Виталиа неодамна на пазарот ја претстави својата нова линија на протеински барови со 35% протеини, во три нови вкусови – путер од кикирики и бело чоколадо, карамел и млечно чоколадо, како и колачи и темно чоколадо

Протеинот е важна компонента од нашата исхрана кој може значително да делува на метаболизмот и намалувањето на телесната тежина. Оброкот богат со протеини помага да се чувствувате сити, дури и со внес на помали количини. Благодарение на внесот на протеин се гради мускулната маса, се зајакнува имуниот систем, и се одржува потребната цврстина на коските.

Протеинските барови на „Виталиа“, со својата богата содржина на протеини и високо количество на растителни влакна се идеалниот оброк во текот на денот. Дополнителна предност е тоа што се засладени со стевиа, природен нискокалоричен засладувач, кој им дава сладок вкус без покачување на глукозата во крвта. Не содржат вештачки бои и ароми што ги прави уникатни по состав и рецептура.

Од тука, доколку имате динамичен работен ден, рекреативно или професионално се занимавате со спорт, но и доколку едноставно имате потреба од вкусна и здрава протеинска ужина, сега имате избор. Изберете го најдоброто за себе – Виталиа протеински барови – победничка ужина за победнички дух.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“

Редакција

(Фото-галерија) Вонземско доживување: Како се славеше Велигден во Бигорскиот манастир

Редакција

(Видео) Во Штип направена шопска салата за светски рекорд: Tешка е над 300 килограми

Редакција