еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Епидемиолошката состојба и легислативата причини за одложување на учебната година

Одложувањето на почетокот на учебната година за еден месец има медицинска оправданост и е поради епидемиолошката состојба како прва причина, а втората е легислативата, односно неможноста да се носат закони или измени до формирање ново Собрание и Влада, рече премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања, на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека периодот од еден месец, до 1 октомври, треба да биде посветен само на избирање модел кој, како што рече, „ќе биде нужно зло во една ваква состојба“ и дека заедно треба многу повеќе да се посветат на вистински реформи на образовниот процес кои ќе дадат поголем квалитет.

На денешната прес-конгференција посветена на преодната Влада, Спасовски оцени дека таа добро се справила со деветмесечните предизвици и го отворила патот на оваа Влада за продолжување со изборите.

Спасовски најави и четврт сет на економски мерки, во рамките на кој, невработените лица и самохраните родители ќе добијат домашни платежни картички.

Во однос на Министерството за внатрешни работи, рече дека во овој изминат деветмесечен период таму се случувале многу чудни работи и многу преместувања и деградации, кои не требало да се случат, ако сакаме да имаме полиција како што сите посакуваме.

„Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа владата ќе седнам и ќе видам што е направено во овој изминат период од скоро девет месеци и секако дека, како што водев дијалог и претходно, ќе седнам да раговарам и со вработените и со синдикатите. Врвниот приоритет е дека мора да изградиме професионална полиција, која ќе служи на државата и граѓаните,“ изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средношколците ќе протестираат во понеделник, бараат комбиниран модел на настава веднаш на почетокот на школската година

Учебната година ќе почне на 1 октомври

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето на обвинетите за убиство на младиот Саздовски

Редакција

На Интерни клиники немало прием на ковид-пациенти, а во центрите во Скопје примени шестмина

Редакција

Кај пациент од Делчево бил откриен јужноафрикански сој на коронавирусот во март

Редакција