еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето на обвинетите за убиство на младиот Саздовски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на последно одржаното рочиште беа презентирани наодите од судска медицина.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули годинава почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот, распишана е домашна и меѓународна потерница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чавков нема вила, неговта одбрана до судот приложи извод од катастарот на Халкидики

Редакција

Заев очекува решение со Бугарија до 10 ноември, но не отфрла бугарско вето за првата меѓувладина конференција

Редакција

МВР: Првиот човек на „Алфите“ возилото го користел за службени цели

Редакција